Дела 9:12-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

12. И во видение виде еден човек, по име Ананија, како му пријдува и полага раце над него, за да може да прогледа.

13. А Ананија одговори: „Господи, од мнозина сум слушал за тој човек колку зло им правел на Твоите светии во Еру­салим;

14. а тој и овде има овластување од првосвештениците да ги врзува сите што го повикуваат името Твое.“

15. Но Господ му рече: „Оди, зашто тој ми е избран сад, за да го изнесе името Мое пред народи и цареви и синовите Израилеви.

Дела 9