1. А Савле, дишејќи уште со застрашувања и убиства против учениците на Господа, дојде кај првосвештеникот
2. и побара од него писма за синагогите во Дамаск, така што, ако таму најде некои што го следат овој пат, мажи и жени, врзани да ги доведе во Ерусалим.
3. Но, додека по патот наближуваше до Дамаск, наеднаш го обзеде светлина од небото,
4. и, откако падна на земја, слушна глас што му зборуваше: „Савле, Савле, зошто Ме гониш?“
5. А тој одговори: „Кој си Ти, Господине?“ А Господ му рече: „Јас сум Исус, Кого Го гониш. Тешко е за тебе да се риташ против бодило.“