Дела 3:4-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. А Петар, заедно со Јован, го впери кон него погледот и му рече: „Погледни во нас!“

5. И тој ги гледаше внимателно, очекувајќи да добие нешто од нив.

6. Но Петар рече: „Сребро и злато јас немам, а што имам, тоа ти давам: во името на Исус Христос од Назарет ста­ни и оди!“

7. И само што го фати за десната рака, го исправи, а нему веднаш му се зацврс­наа стапалата и глуждовите;

8. па скокна, се исправи и почна да оди. Тогаш влезе во храмот заедно со нив скокајќи и фалејќи Го Бога.

Дела 3