Дела 28:21-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

21. А тие му одговорија: „Ние ниту писма сме добиле за тебе од Јудеја, ни­ту, некој од браќата дошол да нѐ извес­ти или нешто лошо да каже за тебе.

22. Но ние сакаме да чуеме од тебе лично што мислиш ти за тоа; зашто познато ни е дека на тоа учење насекаде се противречи.“

23. И откако му определија ден, големо мноштво дојде во неговото определено живеалиште, и тој од утрото до вечерта со докази им го изложуваше учењето за царството Божјо и ги уверуваше за Исус и од Законот Мојсеев и од Проро­ците.

Дела 28