Дела 28:13-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. Оттаму отпловивме и пристигнавме во Ригија; а по еден ден дувна југот и на идниот ден стасавме во Потиоли;

14. таму најдовме браќа, по чија молба кај нив останавме седум дена. И потоа тргнавме за Рим.

15. Тамошните браќа, штом чуја за нас, излегоа да нѐ пресретнат до Апиевиот плоштад и до Трите крчми. Кога ги ви­де Павле, Му заблагодари на Бога и се ободри.

Дела 28