13. А откако минаа неколку дена, царот Агрипа и Верникиј слегнаа во Кесарија за да го поздрават Фест.
14. И бидејќи таму останаа повеќе денови, Фест му рече на царот за Павле, велејќи: „Феликс остави еден човек во затворот.
15. Кога бев во Ерусалим, за него излегоа првосвештениците и старешините јудејски и ме молеа да го осудам.