5. Утврдивме дека овој човек е чума и дека крева бунтови против сите Јудејци по вселената и дека е предводник на назарејската ерес.
6. Тој се обиде дури и храмот да го оскверни. Затоа ние го фативме и сакавме да му судиме според нашиот Закон;
7. но заповедникот Лисиј дојде и со голема сила го истргна од рацете наши, и го испрати кај тебе,
8. откако заповеда и ние, неговите обвинители, да дојдеме кај тебе. Ти ќе можеш сам да го испиташ и од него да дознаеш за што го обвинуваме ние.“
9. И Јудејците потврдуваа дека е така.
10. Намесникот му даде знак на Павле да зборува, а тој одговори: „Бидејќи знам дека од пред многу години си му судија на овој народ, со послободно срце ќе зборувам во моја одбрана.