14. Но ти признавам дека според учењето, кое тие го нарекуваат ерес, Му служам на Бога на нашите татковци, дека верувам во сѐ што е напишано во Законот и во Пророците,
15. дека се надевам на Бога, дека ќе има воскресение на мртвите, на праведните и на неправедните, кое и тие сами го очекуваат.
16. А затоа и сам се трудам секогаш да имам чиста совест пред Бога и пред луѓето.
17. По многу години дојдов да му донесам на мојот народ милостина и приноси.
18. Тогаш, кога се бев очистил, ме најдоа во храмот, ни со народ, ниту со немир,
19. некои азиски Јудејци, кои требаше да се претстават пред тебе и да ме обвинат, ако имаат нешто против мене.
20. Или, пак, тие сами да кажат дали во мене нашле некаква неправда, кога се бев јавил пред Синедрионот, –
21. освен само овие зборови, кои, застанат пред нив, гласно ги изговорив: ‚Заради воскресението на мртвите ме судите вие денес.‘“
22. Кога го слушна тоа Феликс, тој го одложи делото, бидејќи добро знаеше за тоа учење, и рече: „Ќе го разгледам делото кога ќе дојде заповедникот Лисиј.“
23. И му заповеда на стотникот да го пази Павле, но да му дава извесна слобода, и да не запира никого од неговите блиски да му служат, или да доаѓаат кај него.