1. А некои луѓе слегоа од Јудеја, и ги подучуваа браќата: „Ако не се обрезете според обичајот Мојсеев, не може да бидете спасени!“
2. А бидејќи настана бунт, и Павле и Варнава жестоко се препираа со нив, одлучија Павле и Варнава и некои други од нив да отидат горе кај апостолите и старешините во Ерусалим заради оваа препирка.
3. Тие, пак, испратени од црквата, патуваа низ Феникија и Самарија, и раскажувајќи за обраќањето на незнабошците, предизвикуваа голема радост кај сите браќа.