1. Во Иконија тие заедно влегоа во јудејската синагога, и зборуваа така, што мнозина Јудејци и Елини поверуваа.
2. А Јудејците, што не поверуваа, ги побунија и раздразнија духовите на незнабошците против браќата.
3. Но тие сепак останаа тука доста време и смело говореа за Господ, Кој сведочеше за словото на Својата благодат, давајќи преку нивните раце да стануваат знаци и чуда.
4. А народот во градот се раздели: едни беа со Јудејците, а други со апостолите.
5. И кога незнабошците и Јудејците, со своите началници се готвеа да ги хулат и да ги каменуваат,
6. тие, штом разбраа, се засолнија во ликаонските градови Листра и Дерва и во нивната околина.
7. Таму почнаа да го проповедаат Евангелието.
8. Во Листра седеше еден човек, немоќен во нозете. Тој бил сакат од мајчината утроба, не можел да оди никогаш.
9. Тој слушаше додека Павле зборуваше; а Павле, го впери во него погледот и виде дека во него има вера дека може да оздрави,