2 Тимотеј 4:12-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

12. А Тихик го пратив во Ефес.

13. Кога ќе дојдеш, донеси ја наметката што ја оставив во Троада, кај Карп и книгите, а особено пергаментите.

14. Ковачот Александар ми направи големо зло. Ќе му врати Господ според делата негови!

15. Од него пази се и ти, бидејќи тој не­обично многу се воспротиви на нашите зборови!

16. При мојата прва одбрана никого не­маше кај мене: сите ме оставија. Нека не им се прими за грев!

17. Но Господ беше со мене и ме зак­репна, та преку мене да се утврди Бла­говестието и да чујат сите незнабошци; и јас се избавив од устата на ла­вот.

2 Тимотеј 4