2 Солуњаните 2:5-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. Не помните ли дека уште кога бев кај вас ви зборував за тоа?

6. Сега знаете што го задржа него да се открие во свое време.

7. Тајната на беззаконието веќе деј­ствува, само тоа нема да биде извршено додека не се отргне оној што ја за­др­жу­ва сега;

8. тогаш ќе се открие и беззаконикот, кого што Господ Исус ќе го убие со здивот на устата Своја и преку појавата на Своето доаѓање ќе го истреби.

9. Доаѓањето на тој беззаконик ќе биде по дејство на сатаната, со секаква сила и знаци и лажни чудеса,

10. и со секакво неправедно измамува­ње меѓу оние кои загинуваат, затоа што не ја примиле љубовта на вистината та да би се спасиле.

2 Солуњаните 2