2 Петар 2:3-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. И, побудувајќи ве од користољуби­вост, ќе ве привлекуваат со ласкави збо­рови; но нивното осудување е одамна готово, и нивната погибел не дреме.

4. Зашто Бог, кога не ги поштеди анге­лите што згрешија, туку ги фрли во пе­колот со вериги на мракот, ги предаде да бидат држани до судот;

5. и кога не го поштеди првиот свет, туку, кога нанесе потоп врз безбожниот свет, го запази само осумчленото семеј­ство на Ное, проповедникот на правдата;

6. и градовите Содом и Гомора ги осу­ди на разурнување и ги претвори во пе­пел, оставајќи ги како пример на идни­те безбожници,

2 Петар 2