2 Коринтјаните 6:3-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. Никому никаков повод за соблазна не даваме за да не биде презрена нашата служба,

4. туку во сѐ се препорачуваме за слу­жители Божји, со големо трпение, во неволји, во нужди, во тегоби,

5. во удари, во затвори, во бунтови, во напори, во бденија, во пости,

6. со чистота, со знаење, со долготрпеливост, со добрина, со Духот Свети, со нелицемерна љубов,

7. со проповедта на вистината, со сила Божја, со оружјето на правдата во десна и во лева рака,

8. со славата и срамот, при укори и по­фалби; нѐ сметаат за измамници, а ние сме вистинити;

2 Коринтјаните 6