2 Коринтјаните 6:15-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

15. Какво согласие може да има меѓу Христос и Велијар? Или, што има заедничко меѓу верник и безверник?

16. Каква спогодба има храмот Божји со идолите? Вие сте храм на живиот Бог, како што рекол Бог: „Ќе се вселам во нив и ќе одам меѓу нив; ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.“

17. „Затоа излезете од нивната средина и одделете се!“ Вели Господ, и „Не до­пирајте се до нечисто, и Јас ќе ве примам!

18. И Јас ќе ви бидам Татко, а вие ќе Ми бидете синови и ќерки“, вели Гос­под Седржителот.

2 Коринтјаните 6