2 Коринтјаните 5:15-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

15. А Христос умре за сите, та живите да живеат не веќе за себеси, туку за Оној Кој умре за нив и воскресна.

16. Затоа ние отсега никого не позна­ва­ме по тело; иако Христос Го познавме по тело, но сега веќе не Го познаваме како таков.

17. И така, кој е во Христос, тој е ново создание; старото помина, и ете, се создаде новото.

18. А сѐ е од Бога, Кој нѐ измири со Себе преку Исус Христос и ни го даде слу­же­њето на тоа измирување.

2 Коринтјаните 5