2 Коринтјаните 12:8-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

8. Затоа трипати Го молев Господа тоа да го отстрани од мене.

9. Но Тој ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила се покажува потполно во слабоста.“ Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите слабости за да се всели во ме­не силата Христова.

10. Затоа уживам во слабости, во нав­редување, во маки, во прогонување, во тага за Христос, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен.

11. Фалејќи се станав безумен! Вие ме принудивте. Вие требаше да ме пофалите, зашто со ништо не сум по­до­лен од надапостолите, иако сум ништо.

2 Коринтјаните 12