2 Коринтјаните 11:17-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

17. А она што го зборувам, не го зборувам по Господ, туку како во безумие, во таа моја смелост во фалбата.

18. Бидејќи мнозина се фалат по телото, ќе се пофалам и јас.

19. Зашто и вие, кои сте мудри луѓе, љубезно ги примивте безумните;

20. зашто вие поднесувате ако некој ве поробува, ако некој ве изедува, ако некој граба, ако некој се гордее, ако некој ве удира по образ.

21. Со срамење зборувам дека и ние сме биле слаби. Но ако некој се осмели, во безумство говорам, ќе се осмелам и јас.

22. Евреи ли се? И јас сум! Израилец ли е? И јас сум! Семе Авраамово ли се? И јас сум!

2 Коринтјаните 11