2 Коринтјаните 11:15-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

15. па затоа и не е големо нешто ако и служителите негови се преправаат како слуги на правдата; но нивниот крај ќе им биде според делата нивни.

16. Повторно велам: никој да не ме смета за безумен; впрочем, барем како безумен примете ме, та и јас да имам со што да се пофалам.

17. А она што го зборувам, не го зборувам по Господ, туку како во безумие, во таа моја смелост во фалбата.

18. Бидејќи мнозина се фалат по телото, ќе се пофалам и јас.

19. Зашто и вие, кои сте мудри луѓе, љубезно ги примивте безумните;

20. зашто вие поднесувате ако некој ве поробува, ако некој ве изедува, ако некој граба, ако некој се гордее, ако некој ве удира по образ.

21. Со срамење зборувам дека и ние сме биле слаби. Но ако некој се осмели, во безумство говорам, ќе се осмелам и јас.

22. Евреи ли се? И јас сум! Израилец ли е? И јас сум! Семе Авраамово ли се? И јас сум!

23. Служители Христови ли се? Во без­умство зборувам, јас сум уште повеќе: во напори – изобилно, во затвори – изобилно, во камшикување – прекумерно, во смртна опасност – често.

24. Од Јудејците примив петпати по четириесет без еден удар;

25. трипати сум тепан со стапови, ед­наш каменуван, трипати претрпев бро­долом, и ноќ и ден поминав во длабоко море;

26. многупати сум патувал, сум бил во опасност од реки, во опасност од разбој­ници, во опасност од сонародници, во опасност од незнабошци, во опасност по градови, во опасност по пустини, во опасност по море, во опасност меѓу лажни браќа;

27. во труд и мака, во често неспиење, во глад и жед, во многу постење, на студ и голотија.

2 Коринтјаните 11