1 Тимотеј 1:17-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

17. А на Царот на вековите, на Нерас­падливиот, Невидливиот, Единствен Премудар Бог – нека е чест и слава во сите векови. Амин!

18. Чедо Тимотеј, оваа заповед ти ја предавам според пророштвата кои прво тебе те посочија да се бориш како добар војник потпирајќи се на нив,

19. имајќи вера и добра совест, која не­кои ја отфрлија и претрпеа бродолом во верата;

20. меѓу нив се Именеј и Александар, што ги предадов на сатаната за да се на­учат да не хулат.

1 Тимотеј 1