14. Така и Господ заповедал проповедниците на Евангелието да живеат од Евангелието.
15. Но јас не ползував ништо од тоа; и не го напишав ова за да се направи така за мене. Зашто за мене е подобро да умрам, отколку некој пофалбата да ми ја одземе.
16. Зашто, ако проповедам Евангелие, тоа не е за моја пофалба: бидејќи тоа ми е должност, а тешко мене ако не го проповедам.
17. Ако доброволно го вршам тоа, тогаш имам награда; а ако без своја волја – тогаш е тоа само извршување на служба што ми е доверена.