1 Коринтјаните 8:9-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

9. Но пазете, пак, таа ваша слобода да не стане на некој начин спрепка за сла­бите.

10. Зашто ако некој те види тебе, што имаш знаење, како седиш на трпеза во идолопоклонички храм, нема ли неговата совест, бидејќи е нејак, да биде поттикната да јаде идолски жртви?

11. И покрај твоето знаење ќе пропадне нејакиот, братот за кого умрел Христос.

12. И така, грешејќи против браќата и ранувајќи ја нивната нејака совест, вие грешите против Христа.

13. Затоа, штом храната го соблазнува мојот брат, тогаш нема никогаш да ја­дам месо, за да не го соблазнувам својот брат.

1 Коринтјаните 8