17. Само секој нека постапува така како што му определил Бог, како го повикал Господ. Така заповедам по сите цркви.
18. Обрезан ли е повикан некој, нека не крие; необрезан ли е повикан некој, нека не се обрезува.
19. Обрезанието е ништо, и необрезанието е ништо, а чувањето на Божјите заповеди е сѐ.
20. Секој да си остане во звањето во кое е повикан.
21. Ако си повикан како роб, да немаш грижа; но, дури и ако можеш да станеш слободен, уште повеќе ползувај се од ропството.
22. Зашто кој е повикан во Господ како роб, станува Господов ослободеник; исто така и кој е повикан како ослободеник станува роб Христов.
23. Вие сте скапо платени! Не станувајте робови на луѓе!
24. Секој што е повикан, браќа, во него нека остане и пред Бога.
25. А што се однесува до девиците, за нив немам заповед од Господа, но давам совет како човек, кој е помилуван од Господа да биде верен.
26. Поради сегашната потреба го наоѓам за добро ова: добро е за човекот да остане таков.
27. Сврзан ли си со жена, не барај развод; разврзан ли си од жена, не барај жена.
28. Но, ако се ожениш, нема да згрешиш; и девицата, ако се омажи, нема да згреши. Но таквите ќе имаат телесни неволји, а јас, пак, повеќе би сакал да ве поштедам.
29. Ова ви го велам, браќа, зашто времето натаму е кратко, та оние, што имаат жена, да бидат како да ја немаат;
30. и кои плачат – како да не плачат; и кои се радуваат – како да не се радуваат; и кои купуваат – како да немаат ништо,