15. Ако некој безверник сака да се разведе, нека се разведе; во такви случаи братот или сестрата не се заробени; зашто за мир нѐ повикал Бог.
16. Зашто, од каде знаеш, жено, дека ти не ќе го спасиш мажот? Или од каде знаеш, о мажу, дека ти не ќе ја спасиш жена ти?
17. Само секој нека постапува така како што му определил Бог, како го повикал Господ. Така заповедам по сите цркви.
18. Обрезан ли е повикан некој, нека не крие; необрезан ли е повикан некој, нека не се обрезува.
19. Обрезанието е ништо, и необрезанието е ништо, а чувањето на Божјите заповеди е сѐ.
20. Секој да си остане во звањето во кое е повикан.
21. Ако си повикан како роб, да немаш грижа; но, дури и ако можеш да станеш слободен, уште повеќе ползувај се од ропството.
22. Зашто кој е повикан во Господ како роб, станува Господов ослободеник; исто така и кој е повикан како ослободеник станува роб Христов.
23. Вие сте скапо платени! Не станувајте робови на луѓе!
24. Секој што е повикан, браќа, во него нека остане и пред Бога.
25. А што се однесува до девиците, за нив немам заповед од Господа, но давам совет како човек, кој е помилуван од Господа да биде верен.
26. Поради сегашната потреба го наоѓам за добро ова: добро е за човекот да остане таков.
27. Сврзан ли си со жена, не барај развод; разврзан ли си од жена, не барај жена.
28. Но, ако се ожениш, нема да згрешиш; и девицата, ако се омажи, нема да згреши. Но таквите ќе имаат телесни неволји, а јас, пак, повеќе би сакал да ве поштедам.
29. Ова ви го велам, браќа, зашто времето натаму е кратко, та оние, што имаат жена, да бидат како да ја немаат;
30. и кои плачат – како да не плачат; и кои се радуваат – како да не се радуваат; и кои купуваат – како да немаат ништо,