1 Коринтјаните 15:6-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. после им се јави еднаш на повеќе од петстотини браќа, од кои повеќето се живи и до денес, а некои починаа;

7. потоа му се јави на Јаков, и потоа на сите апостоли,

8. а по сите, најпосле ми се јави и мене, како на некое недоносче,

9. зашто јас сум најмалиот од апостолите и не сум достоен да се наречам апостол, бидејќи ја гонев Божјата црква.

10. Со благодатта на Бога сум тоа што сум, и Неговата благодат, која е во ме­не, не беше напразна, но повеќе се пот­рудив од сите нив; само не јас, туку Божјата благодат, која е со мене.

11. И така, било јас, или тие, така про­поведаме, и вие така поверувавте.

1 Коринтјаните 15