49. и како што го носиме ликот на земјениот, така ќе го носиме и образот на Небесниот.
50. А ова ви го велам, браќа, дека телото и крвта не можат да го наследат царството Божјо, ниту распадливоста ја наследува нераспадливоста.
51. Еве, тајна ви кажувам; сите нема да се упокоиме, туку сите ќе се измениме,
52. одеднаш, за еден миг на око, на последната труба: зашто ќе затруби, и мртвите ќе воскреснат нераспадливо, а ние ќе се измениме;
53. зашто распадливото треба да се облече во нераспадливост, а смртното – да се облече во бесмртност.
54. А кога ова распадливо ќе се облече во нераспадливост, и она смртното – во бесмртност, тогаш ќе се збидне зборот напишан: „Победата ја проголта смртта“.
55. „О, смрт, каде ти е осилката? О, смрт, каде ти е победата?“