1 Коринтјаните 15:32-41 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

32. Ако во Ефес, човечки речено, се борев со ѕверови, каква е мојата полза? Ако мртвите не воскреснуваат – „Да јадеме и да пиеме, бидејќи утре ќе ум­ре­ме!“

33. Не лажете се: „Лошите зборови ги расипуваат добрите обичаи!“

34. Освестете се еднаш како треба, па не грешете! Зашто некои од вас не зна­ат за Бога – за ваш срам го велам ова.

35. Но ќе рече некој: како ќе воскреснат мртвите и во какво тело ќе дојдат?

36. Безумниче, тоа што го сееш ти, нема да оживее, ако не умре.

37. А кога сееш, не го сееш телото, кое тре­ба да настане, туку голо зрно, на пример пченично или некое друго;

38. но Бог му дава тело, какво што са­ка, и тоа на секое семе негово сопствено тело.

39. Не е секое тело исто тело: друго е телото на човек, друго е телото на жи­вотно, друго на риба, друго на птица.

40. Има тела небесни и тела земни, но друг е блесокот на небесните и друг на земните;

41. друг е блесокот на сонцето; друг е блесокот на месечината, инаков е, пак, на ѕвездите; па и ѕвезда од ѕвезда по блесокот се разликува.

1 Коринтјаните 15