1 Коринтјаните 15:2-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

2. Преку Него и се спасувате, ако Го држите како што ви проповедав, освен ако не сте поверувале напразно.

3. Ви го предадов најнапред она што го бев и примил, дека Христос умре за на­шите гревови, според Писмата;

4. дека Тој беше погребан и дека на третиот ден воскресна, според Писмата,

5. и дека му се јави на Кифа и потоа на Дванаесетте;

6. после им се јави еднаш на повеќе од петстотини браќа, од кои повеќето се живи и до денес, а некои починаа;

7. потоа му се јави на Јаков, и потоа на сите апостоли,

8. а по сите, најпосле ми се јави и мене, како на некое недоносче,

9. зашто јас сум најмалиот од апостолите и не сум достоен да се наречам апостол, бидејќи ја гонев Божјата црква.

10. Со благодатта на Бога сум тоа што сум, и Неговата благодат, која е во ме­не, не беше напразна, но повеќе се пот­рудив од сите нив; само не јас, туку Божјата благодат, која е со мене.

11. И така, било јас, или тие, така про­поведаме, и вие така поверувавте.

12. И ако се проповеда дека Христос воскреснал од мртвите, како тогаш не­кои меѓу вас велат дека немало воскресение на мртвите?

13. А штом нема воскресение на мрт­вите, тогаш и Христос не воскреснал;

14. ако, пак, Христос не воскреснал, тогаш напразна е нашата проповед, празна е и вашата вера.

15. Би се покажале како лажни сведоци Божји, бидејќи сведочевме против Бога дека Го воскреснал Христос, Кого што не Го воскреснал, ако навистина мртви­те не воскреснуваат.

16. Зашто, ако мртвите не воскреснува­ат, и Христос не воскреснал;

17. ако, пак, Христос не воскреснал, напразна е верата ваша; вие сте уште во своите гревови;

18. тогаш и оние, што умреле за Хрис­тос, пропаднале.

19. И, ако само во овој живот се надева­ме на Христос, тогаш сме ние најбедни од сите луѓе.

1 Коринтјаните 15