20. Браќа, по умот немојте да бидете како деца; за злото бидете како дечиња, а по умот зрели.
21. Во Законот е напишано: „На други јазици и со друга уста ќе му зборувам на овој народ, но и така нема да Ме послуша, вели Господ.“
22. Затоа јазиците не се знак за оние што поверувале, туку за оние што не поверувале; пророкувањата, пак, не се за оние што не веруваат, туку за оние што веруваат.