5. не е непристојна, не бара свое, не се срди, не памти зло,
6. не се радува на неправда, туку се радува на вистина,
7. сѐ покрива, во сѐ верува, на сѐ се надева, сѐ поднесува.
8. Љубовта никогаш не пропаѓа. А пророкувањата? Ќе минат. Јазиците? Ќе замолкнат. Знаењето? Ќе исчезне.
9. Зашто само делумно спознаваме и само делумно пророкуваме;
10. а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното.