8. Тој ќе ве утврди и до самиот крај за да бидете беспрекорни во денот на нашиот Господ Исус Христос.
9. Верен е Бог, Кој ве повика во заедништво со Неговиот Син Исус Христос, нашиот Господ.
10. Браќа, ве молам во името на нашиот Господ Исус Христос, сите вие да зборувате исто, и меѓу вас да нема раздори, туку да бидете совршено соединети во еден ум и во исто мислење.
11. Зашто од домашните на Хлој чув за вас, браќа мои, дека меѓу вас имало кавги.
12. Сакам да ви кажам дека секој од вас вели: „Јас сум Павлов“, „А јас сум Аполосов“, „Јас сум на Кифа“, „Јас, пак, Христов“.
13. Па зар Христос е разделен? Зарем Павле беше распнат за вас? Или пак во името Павлово бевте крстени?
14. Му благодарам на Бога што од вас никого не сум крстил, освен Крисп и Гај,
15. та никој да не може да рече дека ве крстив во мое име.
16. Навистина, го крстив уште и Стефаниновиот дом. Инаку не знам дали сум крстил и некој друг.
17. Зашто Христос не ме прати да крштевам, туку да го проповедам Евангелието, и тоа не со премудри зборови, за да не изгуби од силата крстот Христов.
18. Зашто словото за крстот е безумие за оние што пропаѓаат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја.