1 Коринтјаните 1:13-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. Па зар Христос е разделен? Зарем Павле беше распнат за вас? Или пак во името Павлово бевте крстени?

14. Му благодарам на Бога што од вас никого не сум крстил, освен Крисп и Гај,

15. та никој да не може да рече дека ве крстив во мое име.

16. Навистина, го крстив уште и Сте­фаниновиот дом. Инаку не знам дали сум крстил и некој друг.

17. Зашто Христос не ме прати да крш­тевам, туку да го проповедам Еван­ге­ли­ето, и тоа не со премудри зборови, за да не изгуби од силата крстот Христов.

18. Зашто словото за крстот е безумие за оние што пропаѓаат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја.

19. Зашто е напишано: „Ќе ја уништам мудроста на мудрите и ќе ја отфрлам разумноста на разумните.“

20. Каде е мудрецот? Каде е книж­ни­кот? Каде е препирачот од овој век? Не ја претвори ли Бог мудроста на овој свет во лудост?

21. Зашто светот при мудроста Божја не Го позна Бога со мудрост; Бог благоволи со безумието на проповедта да ги спаси оние што веруваат.

22. Зашто Јудејците сакаат знаци, а Елините бараат мудрост,

1 Коринтјаните 1