1 Коринтјаните 1:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Павле, по Божја волја повикан апостол на Исус Христос и братот Состен –

2. до црквата Божја во Коринт, до осветените во Христос Исус, повикани светии, заедно со сите оние кои на секое место го повикуваат името на нашиот Господ Исус Христос, нивни и наш.

3. Да имате благодат и мир од Бога, на­шиот Отец, и Господ Исус Христос!

4. Секогаш Му благодарам на мојот Бог за вас поради Божјата благодат што ви е вам дадена во Исус Христос,

5. преку Кого станавте богати во сѐ, во секое слово и во секое знаење.

1 Коринтјаните 1