10. Чедата Божји и чедата ѓаволски по тоа и се познаваат. Секој што не постапува праведно, и секој што не го љуби братот свој, не е од Бога.
11. Зашто тоа е пораката што ја чувте од почетокот – да се сакаме еден со друг.
12. Но не како Каин, кој беше од лукавиот и го уби брата си. А зошто го уби? Затоа што неговите дела беа лоши, а на неговиот брат – праведни.
13. Не чудете се, браќа мои, ако светот ве мрази.
14. Ние знаеме дека преминавме од смрт во живот, бидејќи ги љубиме браќата свои; оној што не го љуби братот свој, тој останува во смртта.
15. Секој што го мрази братот свој, е човекоубиец; и познато ви е дека ниеден човекоубиец нема живот вечен, што ќе остане во него.
16. Љубовта ја познаваме по тоа што Тој ја положи за нас душата Своја; но и ние сме должни да ги полагаме душите свои за браќата.