1. Јас ја кажувам вистината. Му припаѓам на Христос и не лажам. Мојата совест, водена од Светиот Дух, ми сведочи дека не лажам
2. кога ви кажувам колку е голема мојата тага, каква непрестајна болка имам во срцето
3. за мојот народ, за моите сонародници - Евреите. Кога тоа би можело да ги спаси, би се согласил јас да бидам проколнат и откинат од Христос!
4. Израелците се Божји одбран народ. Бог ним им ја откри Својата слава и со нив склучуваше завети. Ним им беше даден Божјиот Закон, ним им беше доверено да служат во храмот, ним им беа дадени ветувањата.
5. Од нив потекнуваат патријарсите, од нив потекнува и Христос, по тело, а Тој е Бог, Кој владее над се - благословен нека биде за вечни векови! Амин.
6. Не се работи за тоа дека Бог не си го одржал зборот спрема Евреите. Но не е вистински Евреин секој што по потекло е Евреин.
7. Не се сите потомци на Авраам негови вистински наследници, туку Светото Писмо вели: „Оние што се потомци на Исак ќе се сметаат за твои наследници.“