8. Од друга страна, гревот ја искористи можноста, па преку таа заповед во мене поттикна најразлични грешни желби. Значи, без Законот гревот не би бил делотворен!
9. И јас порано живеев без Законот. Но кога се соочив со заповедта, наеднаш, гревот оживе!
10. Сфатив дека сум осуден на смрт! Така заповедта, чија цел беше да ми даде живот, ми донесе смртна казна!
11. Гревот ја искористи можноста и преку таа заповед ме измами, ме прогласи виновен, осуден на смрт.