Римјаните 4:19-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. На Авраам не му ослабна верата, иако знаеше дека неговото тело е речиси мртво. Имаше околу сто години, а и неговата жена Сара беше веќе стара и неротка.

20. Тој не се посомнева во ветувањето што му го даде Бог. Напротив, верата му зајакна и тој Му донесе слава на Бог.

21. Авраам беше наполно уверен дека Бог е способен да го исполни тоа што го ветил.

22. Затоа тоа му се припиша како праведност.

23. Овој начин на стекнување праведност пред Бог не важеше само за Авраам,

24. туку важи и за нас што веруваме во Оној што Го воскресна од мртвите нашиот Господ Исус,

25. Кој беше предаден на смрт за нашите гревови, и беше воскреснат за ние да бидеме оправдани.

Римјаните 4