Римјаните 3:27-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

27. Има ли тука место некој од нас да се фали? Таквата можност е целосно исклучена! Според кој закон фалењето е исклучено: според оној на нашите постигнувања ли? Не, туку според законот што се темели врз верата!

28. Ние согледуваме дека човек се оправдува пред Бог преку верата, а не преку придржување кон уредбите во Законот.

29. Зар Бог им припаѓа само на Евреите? Зарем Тој не е Бог и на сите други народи? Се разбира дека е!

30. Има само еден Бог и Тој ги оправдува и обрежаните и необрезаните само врз основа на нивната вера.

Римјаните 3