Римјаните 2:26-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

26. Затоа, ако необрезан човек се придржува кон Божјиот Закон, зарем нема да се смета за еднакво добар со обрежаните?

27. Оние што телесно не се обрежани, а се придржуваат кон Божјиот Закон, ќе ве судат вас кои, иако го имате Божјиот Закон во пишана форма и сте обрежани, сепак го прекршувате.

28. Зашто, да се биде вистински Евреин не се доволни само телесните податоци и телесното обрежување, туку

29. вистински Евреин е оној чие срце му припаѓа на Бог, а вистинско обрежување е духовниот препород во срцето. Тоа е дело на Светиот Дух, а не на пишаниот Закон. Оној што доживеал таква промена, ќе бара пофалба од Бог, а не од луѓето.

Римјаните 2