Римјаните 15:8-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. Сакам да знаете дека Христос им стана слуга на Евреите за да го исполни ветувањето што Бог им го беше дал на нивните предци,

9. а исто така и сите други народи да Го прославуваат Бога заради Неговата милост, како што е напишано во Светото Писмо: „Затоа ќе Ти донесам слава меѓу нееврејските народи, ќе Му пеам славопои на Твоето име!“

10. И на друго место вели: „Радувајте се и вие што не сте Евреи, заедно со Божјиот народ, Евреите!“

11. И повторно: „Славете Го Господа сите народи, Него нека Го слават сите луѓе!“

Римјаните 15