Откровение 3:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. До гласникот на црквата во Сард, напиши го следново: “Ова ви го порачува Оној што Го држи седумкратниот Божји Дух и седумте ѕвезди: Вашите дела Ми се познати. Иако за вас се говори како за живи, вие сте мртви!

2. Разбудете се и закрепнете го она малку што ви останало, и што е веќе на умирање! Утврдив дека тоа што го правите е далеку од совршено во очите на Мојот Бог!

3. Вратете се на учењето што ви беше предадено и што го чувте на почетокот. Држете се до него и покајте се од вашите гревови. Ако не се разбудите, ќе дојдам кај вас кога најмалку се надевате, како кога упаѓа провалник!

Откровение 3