Откровение 12:14-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

14. Но на жената и беа дадени две крилја како на голем орел, за да може да се скрие во пустината. Таму таа се избави од Змијата и беше згрижена за време од три и пол години.

15. Тогаш Змијата од својата уста испушти млаз од вода како река, обидувајќи се да ја однесе жената со водената струја.

16. Но Земјата и притекна на помош на жената и ја голтна реката што излезе од устата на Змејот.

17. Поради тоа, Змејот се разгневи на жената. Тој тргна во војна против останатите нејзини потомци - против оние што ги извршуваат Божјите заповеди и што Му се верни на Исусовото дело и учење.

Откровение 12