6. Благословени се луѓето кои се гладни и жедни за правда, зашто тие ќе бидат задоволени!
7. Благословени се милостивите луѓе, зашто тие ќе бидат помилувани!
8. Благословени се луѓето со чисто срце, зашто тие ќе Го видат Бога!
9. Благословени се миротворците, зашто тие ќе бидат прогласени за Божји деца!
10. Благословени се прогонуваните поради тоа што се справедливи, зашто ним им припаѓа небесното царство!
11. Благословени сте и вие ако ве навредуваат и прогонуваат поради тоа што сте Мои следбеници и ако изнесуваат злобни лаги против вас.
12. Радувајте се и ликувајте, зашто на небото ве чека голема награда; така беа прогонувани и Божјите пророци кои живееја пред вас.“