Maтеј 3:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Во тоа време, во јудејската пустина започна да проповеда Јован Крстител. Неговата порака беше:

2. „Покајте се, зашто небесното царство се приближува!“

3. Тој е човекот што беше претскажан од пророкот Исаија со зборовите: „Глас одекнува низ пустината, кој вели: ,Пригответе пат за доаѓањето на Господ, исправете го патот за Него!‘“

4. Јован носеше облека исплетена од камилски влакна, а околу појасот носеше кожен ремен; се хранеше со скакулци и див мед.

Maтеј 3