Maтеј 28:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Кога измина саботата, во раните мугри на неделата, Марија Магдалена и другата Марија дојдоа да го посетат гробот.

2. Одненадеж почвата силно се затресе; ангел Господов слезе од небото, го тргна каменот со кој беше затворена гробницата и седна врз него.

3. Лицето му светеше како молскавица, а облеката му беше бела како снег.

Maтеј 28