Maтеј 27:38-42 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

38. Заедно со Него распнаа и двајца злосторници: едниот оддесно, другиот одлево на Исус.

39. Минувачите покрај крстот Го навредуваа Исуса, вртејќи со главите и

40. извикувајќи: „Ти, што тврдеше дека ќе ни го разурнеш храмот и за три дена повторно ќе го подигнеш, спаси се сега! Ако си Ти Божјиот Син, ајде симни се од крстот!“

41. На сличен начин Му се подбиваа и свештеничките поглавари, старешините и вероучителите. Тие говореа:

42. „Други спасуваше, а Самиот не може да се спаси! Тој ми бил цар на Израел! Нека се симне сега од крстот, па ќе Му веруваме!

Maтеј 27