65. На ова, Првосвештеникот си ја расцепи облеката во знак на грозење и рече: „Ова е богохулство! Зар ни се потребни други сведоци? Сега го чувме Неговото богохулство!
66. Какво е вашето мислење?“ Тие одговорија: „Заслужува смртна казна!“
67. Тогаш едни почнаа да Му плукаат в лице и да Го удираат со тупаници, а други Му удираа шлаканици и
68. Му велеа: „Месијо, погоди кој те удри!?“
69. За тоа време Петар седеше надвор, во дворот. Една слугинка му пријде и му рече: „И ти беше со Галилеецот Исус!“
70. Но тој пред сите одрекуваше, велејќи: „Не е точно тоа што го тврдиш!“
71. Кога Петар се упати кон вратата, го виде уште една слугинка и им рече на оние што седеа таму: „И овој човек беше со Исус од Назарет!“