Maтеј 26:3-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Во тоа време, во резиденцијата на Првосвештеникот Кајафа се одржуваше состанок на свештеничките поглавари и народните старешини.

4. Тие решија тајно да Го уапсат Исуса и да Го погубат.

5. „Но не за време на празникот, за да не се побуни народот!“ заклучија тие.

6. Исус се наоѓаше во местото Бетанија, во куќата на Симон, кој порано боледувал од лепра,

7. кога Му пријде една жена, носејќи скапоцен мирис во шише од алабастер и го полеа врз главата на Исус, Кој седеше на поставената трпеза.

8. На ова, Неговите ученици реагираа налутено, велејќи:

9. „Зошто се прави ваква штета!? Мирисот можеше да се продаде за скапи пари, а парите да им се разделат на сиромасите!“

Maтеј 26