Maтеј 26:17-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. На првиот ден од празникот Бесквасници учениците Му пристапија на Исус и Го прашаа: „Каде би сакал да ја приготвиме пасхалната вечера?“

18. Исус им рече да отидат во градот и на извесен човек да му кажат вака: „Нашиот Учител вели: ,Дојде Моето време. Сакам да ја одржам пасхалната вечера, заедно со Моите ученици, овде, во твојот дом‘.“

19. Учениците постапија онака како што им заповеда Исус и таму ја приготвија пасхалната вечера.

20. Вечерта Исус седеше на трпезата заедно со дванаесеттемина.

21. Додека вечераа, Исус им рече: „Еден од вас навистина ќе Ме предаде!“

Maтеј 26