Maтеј 26:13-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. Отсега, секогаш кога ќе се проповеда оваа Радосна вест, насекаде по светот ќе се спомнува и ова нејзино дело и ќе им се кажува на други, во спомен на оваа жена.“

14. Тогаш Јуда Искариот, кој беше еден од дванаесетте Исусови ученици, отиде кај свештеничките поглавари и им рече:

15. „Колку ќе ми платите, ако ви Го предадам Исус?“ Тие му дадоа триесет сребреници.

16. Оттогаш Јуда бараше згоден момент да Го предаде Исуса.

Maтеј 26